Сутерен.мк

Пендаровски со честитка за католичкиот Божик

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик, упати честитка до Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според грегоријанскиот календар.

Тој на верниците им посака празниците да ги поминат пред се во добро здравје, со љубов, радост и среќа. Во честитката тој вели дека токму на Божик со чиста мисла и добра волја треба да се обединиме и да правиме добри дела, но и покрај сите кризи, искушенија и предизвици да останеме оптимисти во ваквите времиња.

“Да овозможиме Божиќниот дух да се всели во нашите срца, во нашите домови, во нашите соседства, во целата заедница. Сплотени и солидарни да создаваме дела што ќе останат запаметени од идните генерации и ќе ја облагородат сегашноста. Да се почитуваме и помагаме, да даруваме повеќе”, се вели во честитката на Пендаровски.
Вечерва во католичкиот храм “Пресвето срце Исусово” во Скопје ќе се одржи Божиќна миса а честитка со пораки за мир во Украина испрати и бискупот Киро Стојанов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *