Алуминиумска фолија
За да не ја губите топлината од радијаторите, на нивната задна страна ставете алуминиумска фолија. Тоа ќе го насочи топлиот воздух кон центарот на собата.
Завеси
Наутро отворете ги завесите и ролетните ширум и пуштете ја утринската светлина што е „заробена“ во прозорците. Ноќе пак, навлечете ги добро завесите. Во зима подобро е да користите подебели завеси.
Украсување на ѕидовите
Секој предмет обесен на ѕидот допринесува во топлинската изолација. Што ќе рече, не се воздржувајте од ставање огледала, фотографии, слики, па дури и подебели постери.
Теписи
Покриениот под со теписи, килими, теписони… дури за десет отсто може да ја зголеми температурата во собата.
****
Просториите што не ги користите, не ги загревајте. Исклучете го греењето во нив и затворете ги вратите.