Сутерен.мк

Нова терапија за менталната исцрпеност

Психијатрите се повеќе ја забележуваат корисноста за менталното здравје од посетите на музеите и галериите и како резултат на тоа во светот се повеќе се нудат „музејски рецепти“, за да им се помогне на луѓето со психички болки.

Оваа нова форма на терапија ќе биде тестирана во Брисел во текот на следните шест месеци за да се утврди нејзината ефикасност.

„Музејските рецепти“ ќе им се нудат исклучиво на пациенти со поблаги симптоми на ментална исцрпеност и анксиозност и во зависност од случајот, ќе се комбинира и со други методи на лечење.

„Ние лачиме хормони кога посетуваме музеј и тие се одговорни за нашата благосостојба. Бенефитите на оваа неконвенционална терапија е во промената на нашите нивоа на кортизол и серотонин“, вели Хелен Бојер, потпретседателка на франкофонските лекари во Канада.

Инаку, ваков проект е имплементиран во Канада од 2018 година.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *