Сутерен.мк

Повторно разбиен митот околу успорениот метаболизам

Кој не чул барем од еден лекар дека метаболизмот му се успорува како старее и дека мора да внимава затоа, колку јаде и колку троши од изеденото.

Кога пак, ќе му се пожалите дека крајно претпазливи сте (гладувате, практично). со што се храните и дека сте редовни со „кардио вежбите“, ве гледа сомничаво и продолжува со мантрите: „Третина од досегашната храна, многу пешачење, многу течности, без брашно, без благо, без сол…“

На крај памет не му паѓа дека можеби нешто друго е проблемот, како на пример, апчињата што тому тој ви ги препишал?

Нејсе.

Илјадници пати слушнатото „правило“ дека метаболизмот ви се успорува како што стареете, што напорите за слабеење ги доведува до невозможен потфат конечно, е урнато засекогаш.

Веста не е нова, но е деновиве потврдена повторно и повторно.

Значи, се работи за голем мит барем, се додека не наполните шеесет години.

Херман Понцер, професор за еволуциската антропологија на Универзитетот Дјук и реномиран тим на научници, ги истражувале влијанието на тежината и староста на нечие тело на количината на енергијата што личноста ја троши секој ден.

Како што и било очекувано, Понцер напишал дека, ако имате вишок килограми, за исто време, ќе потрошите повеќе калории од личноста со витка линија.“

Меѓутоа, најинтересниот дел од студијата е тврдењето дека нашиот метаболизам останува стабилен од 20-тата до 60-тата година!

Односно, дека најпросто кажано, метаболизмот турбо работи во детството, постепено забавува во адолесценцијата и од 20-тата до 60-тата нема промени.

И самиот Понцер е изненаден од резултатите, кои немаат врска со никаква менопауза и слични периоди во зрелото доба и кај жените и кај мажите.

Меѓутоа, после шестата деценија од животот, метаболизмот значително почнува поспоро да работи и тоа за 20 до 25 проценти, што со оглед на физичката мала активност во таа доба и тоа како е забележителна стапка.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *