Сутерен.мк

Погреб

Фејсбук с(р)еќавања…

Кога ќе умрам, не би сакала да бидам задавена…

Може да лебдам во некоја празнотија, темнина, бескрајно студенило и осаменост, ама да не бидам задавена.

Задавена од земја, прашина, коски, туѓи прегратки…

Не сакам ничија крв да ми се залепи на устата.

Доволно туѓо тело струеше низ мене дур бев жива.

Убијте ме, слободно.

Ама, што зборувам?! Ми затнавте и уста, очи, уши, се…

Тоа е добро. За вас.

Само не ме давете!

Давењето е тивка, колеблива смрт, со доволно драма, како што и заслужувам.

Ама јас нејќам драми! Туѓи.

Само прости, луди, прости нешта.

Нејќам ни да умрам.

Само проста смрт посакувам.

Сакам само да не бидам задавена.

Запалете ме.

Како и секоја вештерка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *