Сутерен.мк

Интервју од 7 милиони долари

Правата за емитување на ексклузивното интервју со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл, Опра им ги продаде на Си – Би – Ес за седум милиони долари, но како што американските медиуми наведуваат, водителката и понатаму заработува од оваа ТВ средба, па на нејзината сметка ќе легнат уште најмалку десет милиони долари.

Во двочасовниот разговор, кој беше емитуван на Си – Би – Ес, двојката зборуваше за расизмот и дисфункционалноста на кралското семејство. Целосното интервју го следеа во живо, според проценките на компанијата Нилсен, 17 милиони гледачи. Иако интервјуто беше емитувано во ударен термин сепак, оваа бројка се смета за исклучително голема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *