Сутерен.мк

Погрешни перцепции

Имам братучетка која по животот со своите родители се омажи за сиромашен човек. Но нејзините и поделија голем мираз и нејзе и тргна работата. Добро ситуирани се. За разлика од неа јас немав поддршка од никого. Сама се вработував, сама се здомував, сама купував чинии, сама се мажев, сама си купив станче. Зошто се уште во очите на околината таа повеќе вреди, а помалку јас!?

Б92

Б92 дарлинг, така мислат зашто такви им се умовите на тие околу вас – комфорни! Сликата на вашата братучетка им се вклопува во нивниот профил – тие се исти како неа – паразити, а вие сте сосема спротивното – го рушите стовековно везениот гоблен!
Да се имаат сите привилегии на тацна, да стартуваш со голема позитива и предност за успешен продолжеток на добриот ран живот и сето тоа да го исплукаш (а плукање е и да не мрднеш ни еден метар подалеку од даденото) е навистина исклучителен талент! На штеточина.
Да имаш родител со општествен/материјален добар статус е голема привилегија, која нормални луѓе ги мотивира да продолжат со иста мерка, да го надградат тоа, возвратат за истото… Таквото однесување е – пристојност.
Да почнеш од нула и стигнеш до некаде е нешто што заслужува повеќе од почит.

Меѓутоа, да почнеш со минус и да стигнеш каде што речиси никој од околината не ти се надевал дека ќе те види е работа за восхит! Тоа е витештво, драга моја. Тоа е аристократија!
А вашата братучетка иако молчи за тоа, веројатно има закачено досега некоја кламидија, да не речам нешто полошо. Од мажот и, ако не од некој друг…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *