Сутерен.мк

Поддршка на иднината на младите

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека следната година на младите кои ќе наполнат 18 години ќе им биде доделена културна пропусница во вредност од 400 евра за трошење на културни содржини како книги, концерти и билети за кино.

Со ваквата мерка ќе се подобри пристапот на младите луѓе до културата, а воедно ќе ѝ се помогне и на шпанската културна индустрија која финансиски настрада за време на пандемијата на Ковид-19.

И Франција и Италија претставија слични потези за младите, но Шпанија ќе ги воведе прва.

Најавата за културните пропусници доаѓа неколку дена по објавувањето на државната програма за станбено згрижување, која на луѓето на возраст од 18 до 35 години со средни примања ќе им овозможи месечен попуст од 250 евра за нивната станарина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *