Сутерен.мк

Португалија ја легализираше еутаназијата

Португалскиот парламент денеска го усвои законот со кој се регализира еутаназијата, но кога тој ќе стапи на сила бе се знае, затоа што претседателот на државата Марсело Ребело де Суза, кој мора да го потпише, изјави дека не се согласува со него.

Де Суза рече дека неговото приватно мислење нема да влијае на одлуката дали ќе го потпише законот, но истакна дека би можел да се обрати на Уставниот суд доколку заклучи дека законските одредби го кршат уставното начело дека „човечкиот живот е неповредлив“.

Парламентот го одби предлогот за законот да се изјаснат граѓаните на референдум. А истражувањата на јавното мислење покажуваат дека еутаназијата ја подржуваат околу 60 отсто од Португалците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *