Сутерен.мк

Почеток на војните после кои Македонија е распарчена

На 8 октомври 1912 година Црна Гора и објавила војна на Турција и истиот ден ги нападнала османлиските сили кај Скадар, со што почнала Првата балканска војна. Подоцна во војната против Османлиското царство се вклучиле Србија, Грција и Бугарија…


…Еден месец по потпишувањето на Лондонскиот мировен договор за Првата балканска војна што бил склучен на 30 мај, на 30 јуни 1913 година почнала Втората балканска војна за поделба на Македонија меѓу дотогашните сојузници…
…Втората балканска војна завршила со Букурешкиот мировен договор потпишан на 10 август 1913 година помеѓу завојуваните страни Србија, Црна Гора, Романија и Грција од една страна и Бугарија од друга страна…

…Во оваа војна Бугарија била принудена на отстапки. Со овој договор била извршена повторна поделба на териториите што дотогаш биле под турска власт (Македонија, Косово и Метохија, Васоевиќи, Санџак, Тракија и северен Епир). Македонија била поделена на тој начин што нејзиниот најголем дел, односно Егејскиот, со површина од 34.356 км2 го добила Грција, Вардарскиот дел со површина од 25.342 км2 го добила Србија, Пиринскиот дел со 6.798 км2 и бил даден на Бугарија, а Албанија добила 1.115 км2 во западниот дел. Романија ја добила јужна Добруџа од Бугарија и се зголемила за 8.000 км2 со 303.000 жители…

Повеќе на Денешен весник…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *