Сутерен.мк

Почина Дамблдор

Сер Мајкл Гамбон, познат по своите театарски, телевизиски и филмски улоги, почина на 82 годишна возраст.

Веста за смртта на актерот, познат по улогата на волшебникот Дамблдор од серијата на филмови „Хари Потер“, била објавена од страна на неговата сопруга и син.

Според соопштението од неговото семејство, Гамбон починал на 82 години, по хоспитализација поради борба со пневмонија.

Пред својот глобален успех поради улогата во филмовите „Хари Потер“, Гамбон бил препознаен драмски актер, глумејќи улоги напишани од Пинтер, Бекет и Окбрн.

Поради улогата на Еди Карбон од драмата „Поглед од мостот“ на Артур Милер, Гамбон бил награден со „Оливиер“.

Гамбон се здобил со признанија глумејќи во артхаус филмот „Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник“, а глумел и во повеќе долгометражни филмови како „Заспаната долина“, „Инсајдер“ и „Госфорд Парк“.

На театарската сцена, Гамбон ќе остане запаметен по неговите улоги од драмите на Харолд Пинтер, односно изведбите на Џери од „Предавство“ и Хрст од „Ничија земја“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *