Сутерен.мк

Каде има најмногу слободни работни места?

Бугарија е на дното на уште една листа во рамките на ЕУ. Во Холандија има најмногу слободни работни места, а најмалку во Бугарија и Романија.

Статистиката на Евростат покажува дека Холандија има највисока стапка на слободни работни места во ЕУ, со 4,7 отсто од вкупните работни места, кои допрва треба да се пополнат.

Бугарија и Романија, се со најмала стапка, затоа што забележале само 0,8 отсто од слободните работни места за вториот квартал.

Стапката на слободни работни места во ЕУ продолжи да расте од 2020 година, кога беа отпуштени многу луѓе за да се намалат трошоците поради пандемијата на коронавирусот. Во претходниот извештај на Европската комисија се вели дека има недостиг на работна сила и недостиг на вештини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *