Лео Купер, славниот француски илустратор, почина во сон на 94 години во својот дом во Париз.
Во 1974 година на Канскиот фестивал тој беше награден за плакатот на филмот „Емануела“ на Жист Жакен, а ги дизајнирал и плакатите за многу филмови на Чарли Чаплин меѓу кои и „Диктатор“, „Модерни времиња“, „Златна грозница“…
Покрај бројните реклами, билборди за театри, Купер во 2015 – та изработи и цртеж за атентатот на „Шарли Ебдо“, кој дневниот весник „Либерасион“ го објави во специјално издание.
Неколку дена пред смртта тој работел на илустрации за следниот албум на композиторот Владимир Косма.