Сутерен.мк

Почина најстариот човек на светот

Најстариот човек на светот, Хуан Винсенте Перез Мора, почина на 115-годишна возраст во Венецуела.
Хуан Висенте Перез Мора, кој почина вчера, официјално беше прогласен за најстар човек на светот на 4 февруари 2022 година со 112 години и 253 дена.

Тој беше татко на 11 деца, во 2022 година имал 41 внук, 18 правнуци и 12 чукун внуци

Тој бил земјоделец, роден во Ел Кобре на 27 мај 1909 година, како деветто дете во десетчлено семејство.

Тој беше во брак 60 години со Едиофина дел Росарио Гарсија, која почина во 1997 година.

„На петгодишна возраст, тој почна да работи со својот татко и браќата во земјоделството и помогна во бербата на шеќерна трска и кафе“, напиша Гинисовата книга на рекорди откако му беше врачена наградата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *