Фејсбук с(р)еќавања…
Предавството не е сива зона. Без разлика на околностите – или си, или не предавник.
****
Единствената рожба на очајот е – предавството.
****
Нема таков очај што е попатетичен од глупавост.
Во секого од нас лежи притаен ѕвер. Разликата е само што нечии се посрамежливи.
****
Македонскиот правопис на колена:
гласај за кого сакаш, исто ти се пишува.
****
Нема пострашно од писател што не си прави муабет сам со себе и новинар, што си прави само со себеси.