Сутерен.мк

Потрошил два, добил милијарда долари

Американец од сојузната држава Илиноис освоил 1,28 милијарди долари на лото. Имал среќа со броевите 13, 36, 45, 57 и 68 и дополнителниот број 14, а лото ливчето од два долара го уплатил на бензинска пумпа во градот Де Плејн.

Добитникот сега има две опции во врска со исплатата. Доколку сака целата сума да му легне на сметката, ќе треба да чека 29 години, односно секоја година лотаријата ќе му исплаќа околу 44 милиони долари.
Втората опција, која ја избираат многу добитници, е веднаш да се исплати поголемиот дел од добивката, а остатокот воопшто да не се исплати. Во оваа варијанта, мажот на својата сметка би добил 457,5 милиони долари, откако ќе му се одбие данокот.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *