Сутерен.мк

Премиерот на Косово дојде за преименување на улица

Премиерот на Косово, Албин Курти, кој е во неофицијална посета на земјава, денеска присуствуваше на преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во општина Чаир.
Во обраќањето, Курти рече дека пред пред две недели е одбележана петгодишнината од смртта на Демачи и оцени дека е од особено значење тоа што Демачи ќе има своја улица во Северна Македонија.

На настанот присуствуваа и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и претседателите на движењето Беса, Билал Касами, на Алтернатива, Африм Гаши и Изет Меџити кој најави формирање на ново политичко движење во албанскиот блок.
Попладнево, Курти е во посета на Тетово. Според агендата, тој денеска ќе се сретне со албанските опозициски партии, но не се најавени средби со државниот врв или владините партии од албанскиот блок.

Настаните беа без ниту едно македонско обележје, ниту превод на македонски јазик од говорите на косовскиот премиер, домаќинот и градоначалник на Чаир, Висар Ганиу и внуката на косовскиот борец, Фиторе Шанини.
Во последниве 2 години дури 493 улици и мостови се преименуваат во главниот град. Најмасовни преименување има токму во Чаир. За две години сменети се 66 улици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *