Сутерен.мк

Преполн воз игнорирал силување

Бездомникот Фистон Нгој (35) од Филаделфија, САД, силувал жена во воз полн со патници!

Ниту еден од патниците не одговорил, не се обидел да го спречи силувањето ниту повикал полиција, пренесува Independent.

Според полицијата, силувањето траело околу осум минути, а ниеден патник во возот не реагирал. Насилникот седнал до жената и неколку пати се обидел да ја допре. Таа го оттурнала и се обидела да го спречи да ја допира, а потоа Нгој се соблекол.

Полицијата соопштила дека силувањето го снимила надзорната камера на која се гледа како патниците седат тивко додека мажот ја силува жената.

По силувањето, жртвата била однесена во болница и на полицијата и дала детален опис на злосторството. Нгој во моментов е во затвор и не бил вооружен во моментот на нападот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *