Сутерен.мк

Проблематични пубертетлии

Мајка сум на 16 годишно момче и не знам како да постапам со него!? Еден ден е близок, друг е студен… Цел ден е дома, пред компјутер…. Ова онлајн не уби сите! Како да си го вратам детето назад? Ми се одалечи.

Мајка

Мајка дарлинг, пубертетот е многу тежок период во животот. (Уште па и во време на коронавирус!?) Само ние сме заборавиле.

Не осудувајте, не критикувајте премногу. Обидете се да разберете. Слушајте.

Зашто, најважно е (како што велеше мојот одамна покоен татко) проблемите да се решаваат дома, а не на улица! Убедена сум дека во тоа е целата филозофија! Во довербата.

Тинејџерите (како и многумина „возрасни“) се обидуваат да ја симнат „вината“ од себе за да се чувствуваат подобро. Превземете дел од „злосторот“, олеснете им. Покажете дека не сте совршени, дека нема совршени личности! Што е и вистина.

Децата се одалечуваат и се враќаат. Па пак, се одалечуваат и се враќаат.

Важно е да бидете тука. Присутни. Без напињање. Кога се одалечуваат и кога се враќаат. Особено, кога се враќаат. Да ги гушнете. Без прекорувања. И, се ќе биде во ред…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *