Сутерен.мк

Промоција на „Сегде божева је хубавина “

Утре (среда) со почеток во 12 часот во НУ библиотека „Гоце Делчев“ во Штип ќе биде промовирана книгата „Сегде божева је хубавина “од истакнатиот македонски писател Гоце Ристовски, објавена со финансиска подршка на Министерството за култура во рамките на годинашнава програма за проекти од национален интерес. За делото ќе говори проф. д-р Трајче Стојанов. Промоцијата ќе биде реализрана според здравствените протоколи, со ограничен број на посетители, а ќе биде пренесувана на ФБ профилот на авторот.

Оваа несекојдневна есеистичка објава, во извесна смисла на зборот, е продолжение на претходната книга на авторот Ристовски „Дарежливост на бојжата рака“. Во поднасловот е определена со одредницата „есеи за Македонија“. Тргнувајќи од легенди и преданија за одредени локалитети, од документарни записи на патеписци кои низ времињата минувале низ овие наши краишта и оставеле пишани траги, од мисли искажани од истакнати светски уметници од разни области, философи и хроничари и црпејќи од актуелни настани и собитија, авторот Гоце Ристовски создава поетски записи, што може да се означат и како псевдо репортажи.

Фото: Лука Суша

Користејќи ја и својата имагинација, надградувајќи ги постојните приказни тој гради четиво кое колку е реално толку се чини и имагинарно, па дури и мистично – налик на делата од тн. магисики реализам.

Оттука, делото се темели на авторовата фасцинација од природните убавини на нашата земја, културно историските паметници, богатата нарадна културна традиција но и современото, пред се литературно творештво.

Гоце Ристовски е прозен и драмски автор, литературен и театарски критичар, есеист, колумнист, аналитичар, литературен преведувач, универзитетски професор. Декан е на Факултетот за театарски уметности на Интернационалниот универзитет Еуропа прима.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *