Чоколадце, кое било дел од пратката што кралицата Викторија ја порачала за британските војници на боиштето во Јужноафриканската Република во 1900 година, пронајдено е во освојата оригинална лименка во поткровјето на куќа во Англија, пренесува Ројтерс.
Чоколадото му припаѓало на Хенри Едвард Пастон Бедингфилд, англиски аристократ кој се борел во Втората бурска војна. Споменот на неговото војување пронајдено е заедно со неговиот шлем во куќата стара петстотини години, а на обвивката на чоколадото е рачно испишана порака од кралицата:
„Ви посакувам среќна нова година“, изгравиран натпис „Јужна Африка 1900“, како и портретот на Викторија.