Сутерен.мк

Пронајден дијамант во облик на срце

Дијамант во облик на срце од 16,64 карати е пронајден во рудникот Ломоносов во Архангелската областа во Русија, соопштила прес службата на руската компанија „Севералмаз“.

„Небрусениот дијамант во облик на мало срце е откриен на 8-ми април. Неговата тежина е 16,64 карати“, објавила компанијата на својата официјална страница на сајтот „ВКонтакте“.

Дијамант од 92,34 карати со редок облик е откриен на тоа наоѓалиште во 2022-ра година.

Архангелската област е единственото место во Европа каде има рудници на дијаманти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *