Сутерен.мк

Пронајден нов лек за рак

По испитување на новиот лек против рак на ректумот спроведено во САД, сите пациенти што биле дел од студијата биле во ремисија.

Лекот наречен „достарлимаб“, кој се продава под брендот „Џемперли“, е имунотерапевтски третман кој се користи во борбата против ракот на ендометриумот, но ова беше прва клиничка студија за тоа дали е успешен и против тумор на ректумот.

Досегашните резултати укажуваат на тоа дека е изненадувачки ефективен, а научниците наведуваат дека досега не било забележано такво успешно клиничко испитување во кое кај секој пациент бил повлечен ракот.

Но, треба да се напомене дека станува збор за студија во почетна фаза. Позитивните резултати досега се регистрирани само кај 12 пациенти бидејќи студијата сѐ уште е во тек. Сите пациенти имале тумори со генетски мутации на ММРд, кои се наоѓаат кај 5-10 отсто од пациентите со ректален карцином.
Пациентите со такви тумори обично послабо реагираат на хемотерапија и зрачење, поради што обично е неопходно хируршки да се отстрани туморот.
Пациентите вклучени во ова истражување не ги поминале овие инвазивни третмани. Во текот на истражувањето тие примале „достарлимаб“ на секои три недели во текот на шест месеци, со можност за хемотерапија и операција доколку се вратат туморите. Но, тоа не се случило.

По шест месеци, сите 12 пациенти повеќе немале тумори кои би можеле да се видат со МРИ, ПЕТ, ендоскопија и биопсија.
Студијата не е завршена и ова е прелиминарен резултат. Приближно три четвртини од 12. пациенти досега имале благи или умерени несакани ефекти од земањето на лекот вклучувајќи исип, чешање, замор и гадење, но кај ниеден не се вратил ракот. Просечното следење на пациентите било околу една година, а некои како Рот биле во ремисија веќе две години.

Испитувањето на крај треба да вклучи околу 30 пациенти. Кога ќе заврши, ќе се добие поцелосна слика за тоа колку е безбеден и ефикасен лекот кај пациенти со ректален карцином.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *