Сутерен.мк

Предбрачна проверка

Во врска сум три години. Дечко ми не сака да почнеме да живееме заедно. Не знам зошто. Не ми е важен потписот на хартија, не го присилувам на брак. Сакам да знам на што сум. Останува да преспие кај мене секој втор ден. Јас живеам сама, тој со неговите. Имам стан, добра плата, автомобил. Тој е добро ситуиран. Избегнува разговор на оваа тема. Мене не ми е јасно, зошто?

Јована

Јована, дарлинг, најбрз одговор ќе добиете, ако го прашате директно и му поставите ултиматум – или си со мене или не си? Може конечно, по три години, „дечкото“ и да го добиете, а можеби и да останете и со врапчето и со гулабот на гранка.

Можеби одолговлекува зашто чека нешто друго, подобро. Не му е доволно важен вашиот однос т.е. чувствува дека вие не сте токму „таа“. Можеби пак, само е себичен и не сака да си ја расипе комоцијата. Кога би живеел со вас би требало да ги дели трошоците, работата околу одржувањето на домот, секојдневните грижи и дилеми…

Живеењето заедно е само чекор до официјалниот брак и знаејќи го тоа, многумина се уплашени од помислата. Меѓутоа, вонбрачен и брачен живот не е исто.

Потписот за некого не значи многу, но многу обврзува. Во сегашноста и особено, во иднината. Формалната заедница секако бара повеќе труд, а од ова другото, латентното здружување на силите, можете секогаш да излезете само со ранецот на рамо.

Објаснете му ги „правилата“ и имајте на ум дека овие форсирања, како што веќе реков, се меч со две острици: или ќе предизвикаат контраефект или позитивно ќе финишираат, но, ако не ви се чека, заокружете го процесот без разлика на исходот.

Ризик секогаш постои, ама без ризик што би бил животот? Една здодевна рециклажа на едни те исти судбини…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *