Сутерен.мк

Протест на вработени во културни институции

Незадоволни од ниските плати кои не ја надминуваат просечната, синдикални организации на вработени во Министерството за култура, Управата за заштита на културно наследство и Агенцијата за филм протестираа пред Министерството за финансии. Недостоинствените плати на околу 200 вработени во овие институции се причините за протестот, рекоа од Синдикалната организација при Министерството за култура.

„Платите на скоро 70 отсто од вработените во овие три институции се под просечната плата во РСМ. А, разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата е по 10.000 денари“, изјави Бранко Костовски, претседател на Синдикалната организација при Министерството за култура.

Костовски кажа дека, иако трите синдикални организации изготвиле Предлог – текст на Колективен договор со кој се предвидува коректно зголемување на платите, минатата година од Министерството за финансии добиле негативен одговор. А, по кратко време со Законот за буџети, Финансии си ги зголемија платите за 30 отсто.

„Државата не може за едни да биде мајка, а за други маќеа! Бараме од Министерството за финансии, од Владата и премиерот да не дозволат нерамноправен третман на вработените во државните органи“, додава Костовски.

Иако учесниците на протестот побараа да ги прими министерот за финансии, беа одбиени. А, од Министерството за финансии велат дека сега се работи на изнаоѓање одржливо, системско решение за плати, кое ќе се однесува на целиот јавен сектор. Но, од Синдикатот во Култура бараат додека да се дојде до тоа решение, висината на платите да се прецизира преку Колективен договор и прашуваат зошто Финасии за себе направија исклучок.

А, од Владата велат дека се работи на нов Општ колективен договор и дека во тек е расправа по Предлог-законот за систем на плати во јавниот сектор. Преку ваквиот начин ќе се уредат платите на администрацијата, вклучително и на вработените во културата, дополнуваат од Владата.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *