Сутерен.мк

Путин vs. Фејсбук

Државното обвинителство во Русија побара од судот, Мета, компанијата која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, да се прогласи како екстремистичка организација и нејзиното работење во целост да се стопира во Русија!

Обвинителството наведува дека активностите на Фејсбук и Инстаграм можат да се квалификуваат како јавен повик на екстремизам и промовирање тероризам.

Руското обвинителство поради тоа упати и барање до руското регулаторно тело за комуникации, да ја забрани социјалната мрежа Инстаграм во оваа земја.

Руската амбасада во САД по тој повод испрати и официјален допис до властите во оваа земја.
Тие бараат од властите во САД да ги запрат екстремистичките активности на Мета и да се преземат чекори со кои сторителите ќе бидат казнети.

По овој повод се огласи и претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која истакна дека западните медиуми пишуваат дека Мета им овозможува на корисниците на Фејсбук и Инстаграм да повикуваат на насилство против граѓаните на Русија.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *