Сутерен.мк

Никогаш да не се повтори!

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик министерот за одбрана Башким Хасани, во име на Владата, денеска положија цвеќе пред Споменикот на депортирани македонски Евреи, во поранешниот скопски Монопол и пред Споменикот на депортираните Евреи на Градските гробишта Бутел!

Со овој чин, Владата се приклучи во активностите по повод 79 годишнината од трагичниот настан на 11 март 1943 година, кога седум илјади и 144 македонски Евреи беа депортирани и погубени во нацистичките логори на смртта во Полска.

Во пригодните обраќања пред спомен обележјата на Холокаустот, уште еднаш беа испратени пораките дека оваа трагедија ќе остане засекогаш запаметена, а сеќавањата на жртвите секогаш ќе повикуваат да не се заборави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *