Сутерен.мк

Разделени од вирусот, споени на мостот!

Ола и Понтус Берглунд си носат столици на расклопување, сендвичи, термоси и многу желба да се дружат и секој се раскомотува на својата страна од тенката, но непремостлива бела линија на асфалтот.

Имено, заради пандемијата од коронавирусот овие 73 – годишни близнаци не можат да отидат еден кај друг на посета. Ама затоа, сеедно дали грее сонце или врне дожд, тие двајца, повеќе од една година, секоја сабота се среќаваат на мостот што ги поврзува Норвешка и Шведска, секој на својата страна од границата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *