Сутерен.мк

Разликата меѓу газди и бараби!

Одборот и работничкиот совет на германскиот производител на автомобили ќе исплатат бонуси со висина до шест илјади евра на околу сто илјади квалификувани работници ширум земјата, изразувајќи благодарност за нивната работа во текот на годината отежната од пандемијата „Ковид-19“!


„Извонредниот развој на нашата компанија е тимско достигнување“, вели Сабине Кохлајсен, член на Управниот одбор на „Дајмлер АГ“ и „Мерцедес-Бенц АГ“, менаџерка за човечки ресурси и директорка за работни односи.

„Би сакала од се срце да им се заблагодарам на сите мои колеги кои придонесоа за ова достигнување со нивната голема посветеност. Бидејќи минатата година не беше лесна, среќна сум што можеме да им исплатиме на нашите вработени рекорден бонус.”

Дајмлер често им исплаќа бонуси на своите вработени во Германија, но таа сума не била толку голема како оваа година.

Треба споредба со македонските прилики?!

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *