Сутерен.мк

Разоткривање на Трампови!

За денеска е најавена промоција на книгата „Сега ќе одговарам на вашите прашања: Што видов во Белата куќа на Трамп?“ од Стефани Гришам, која пет години работела како секретарка за односи со јавност на Доналд Трамп, шефица на персоналот на Меланија Трамп и директорка за комуникации за Источното крило во Белата куќа, пред да поднесе оставка на шести јануари, само неколку часа по нападот на Капитол хил!

Во своите мемоари, според најавите, Гришам пишува за тајните во бракот на Трампови, за односот на Меланија кон паштерката Иванка Трамп, но и за обвинувањата кон Доналд за негово непристојно сексуално однесување.

Оние кои ѕирнале во книгата велат дека е таа „сведочење од прва рака на некој кој гледал и слушал се“ и дека авторката знае детали „кој никој друг не ги знае“!

Доналд и Меланија Трамп на сите начини се обидувале да го спречат изглегувањето на книгата, но тоа не им успеало, па сега се обидуваат даго намалат интересот за истата, нарекувајќи ја „досадно ѓубре“, а Гришам за лакома шпекулантка, која се „обидува да се извади за својата професионална неспособност и пропаднатите лични односи“.

Стефани Гришам е родена во Колорадо, а сега живее во Канзас и Вашингтот. Два пати се мажела и има две деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *