Сутерен.мк

Република Роднинска Македонија

Фејсбук с(р)еќавања…

Има некои лојалности, се умира за нив.

****
Ок, разбравме – и глупите ќе ослабат. Грдиве, шо ќе праите?
Ќе се криете зад дебелите?!

****
Како ни тргнало со разводиве, МКД кај и да е, ни античка, ни бутур – роднинска ќе стане.

****

Еј, ај веќе не ја тупете со „вежбам – се чувствувам, живеам, бенефити, дрн, дрн…“ Во здраво тело, здрав дух е мртво. Телото оддамна веќе не е идеологија туку обична, пазарна вредност.

****

Нема ништо погрдо, од свесноста за сопствената физичка убавина.

****

Многу мртви чекорат помеѓу гробовите молкум, споменувајќи ги покојните, заборавајќи на себе. Не се умира од реченото туку од, премолченото.

****

Одредена ароганција е дозволена само кога некој ќе направи чекор напред. Вулгарно е кога не сте направиле исчекор, а полни сте со себе што одите на високи штикли.

****

Се извинувам што не си, она што сакаш толку очајно да бидеш.

****

Јавноста суди со своите емоции, а не според здравата логика. Така што, тешко дека можеш да поднесеш тужба против неповолни чувства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *