Сутерен.мк

Роберт де Ниро стана по седми пат татко

Американскиот актер Роберт де Ниро стана татко на 79-годишна возраст по седми пат

При вчерашниот разговор со новинарката, со која дискутираа за татковството, таа искоментира: „Знам дека имате шест деца“, но актерот бргу ја поправи: „Всушност, јас имам седум деца. Само што добив бебе“, тој откри за „И-ти Канада“.

Сѐ уште не е познат идентитетот на мајката, но се претпоставува дека е неговата актуелна партнерка Тифани Чен, која минатиот месец го покажа нејзиниот труднички стомак за време на вечера со Де Ниро.

Медимумите почнаа да ги поврзуваат актерот и инструкторката по боречки вештини во 2021 година, кога двојката заедно го прослави 78-ми роденден на Де Ниро во Франција.

Како потсетување, Роберт де Ниро првпат стана татко во 1971 година, кога ја посвои ќерката на неговата тогашна сопруга Дијана Абот, Дрена (51). Де Ниро и Абот се родители и на синот Рафаел (48).

Исто така, актерот ги го доби синовите (близнаци) Арон и Џулијан (27) со неговата поранешна девојка Туки Смит. Со неговата поранешна сопруга Гејс Хајтауер ги доби синот Елиот (25) и ќерката Хелен (11).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *