Сутерен.мк

Роман(т)изирање

Ве читам и почитувам. И баш би сакала да ве запознам. Каде можам да ве сретнам? Што значат за вас парите? Колку давате значење на надворешниот изглед?
Мона

Мона дарлинг, пред извесно време бев на една кафеанска средба (јас сум ви следбеник и на Мишел Онфре) и случајно една локална прелепотичка откри дека токму јас, сум „дарлинг“.

Верувајте дека со пинцета и ги собиравме остатоците од нејзините порцелански ламинати од ботоксираната уста кога ме виде! (Греота, таквата забна козметика баш е скапа.)

Беше страшно разочарана што не виде појава како некоја МКД варијанта на Исидора Бјелица, ниту некој примерок од фарсите на Вуди Ален за интелигентна жена. За жал на читателите и на општа радост на моите блиски, немам врска со тие театрални клишеа.

Значи, ај да не се запознаваме.
Парите (кога ги имам) ми се само алатка да ги усреќам оние кои ми се драги, а толку немам време да се грижам за себе, што немам време ниту некој друг да губи време со мене…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *