Сутерен.мк

Свекрва и снаа

Драга Дарлинг, имам чувство дека свекрва ми постои само за да ми го загорчува животот. Живееме заедно и во се се меша. Десет години сум нејзина снаа и таа никогаш не ме прифати. Се јас ништо не знам, за ништо не ме бива, за ништо не сум способна!

Елена, 35

Елена дарлинг, една надобудна свекрва, кога и дошла младата снаа дома и се обратила со зборовите:„Знаеш, снао, јас секое утро на увото ставам еден цвет. Ако ми е на левото значи дека сум лошо расположена и тргај ми се од патот, а ако ми е на десното – тогаш сум добра и можеме да муабетиме.“ На тоа снаата и одговорила: „Јас пак, секое утро пијам по една ракија. По неа, уште една, а после третата, ме заболе увото на која страна ти е китката!“

Односот меѓу снаите и свекрвите отсекогаш бил проблематичен. До толку, што со векови се верува дека жените во ваква релација не можат да функционираат заедно. Секако, исклучоци постојат, но исто така секогаш во основата на овој конфликт е борбата за љубовта на синот односно мажот и доминацијата во просторот. Ваквите судири не можат да се одбегнат дури и кога нивните односи и пред бракот биле добри.

Едноставно, со официјалното стапување на снаата во нејзиното семејство, свекрвата понува да ја смета за соперничка, која може да и го превземе водечкото место во куќата. Најдобар начин за справување со ситуацијата е да се иселите од заедничкиот дом и да формирате свој, независен, ако е тоа можно. (А кога ќе се случи тоа, дајте и јасно на знаење кој е газда таму! Без никакво колебање и куртоазни пируети!)

Доколку не постои таква опција, морате што повеќе да го вклучите вашиот сопруг во оваа работа. Всушност, тоа е и негова обврска. Без разлика што тој се наоѓа помеѓу два огна, тој мора да ги постави границите која ни една од вас во иднина нема да смее да ги пречекори! Морате да му објасните (без префрлувања) како се чувствувате и дека тој треба нешто да превземе.

Инаку, драга моја од најбаксузните комбинации вие сте ја извлекле дури и помалку малерозната. Јас познавам свекори, кои и кога не живеат заедно со снаата за се имаат мислење – од воспитување деца, до висината на женските потпетици! И, поитри се дури и од своите сопруги во смислувањето прилики и поводи за тоа што погласно да го кажат! Е, од вакво мешање во штипки ти доаѓа просто, да се расцепиш со локум…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *