На северот од Белгија, 165 луѓе во селото Олмен освоија 142 897 164 евра на лотаријата ЕуроМилионс оваа недела, најголемата групна добивка во Белгија досега.
Портпаролот на ЕуроМилионс изјави дека е првпат голема група да освои толку многу пари, при што се проценува дека секој поединец добива речиси 900 000 евра без данок.
Селото Олмен има вкупно 3 785 жители, според последните податоци од 2020 година, а победниците се од различни сфери и возрасти.
ЕуроМилионс е игра на среќа на националната лотарија која се организира во соработка со лотарии од Шпанија, Португалија, Ирска, Австрија, Швајцарија и Луксембург.