Сутерен.мк

Село освои над 142 милиони евра

На северот од Белгија, 165 луѓе во селото Олмен освоија 142 897 164 евра на лотаријата ЕуроМилионс оваа недела, најголемата групна добивка во Белгија досега.

Портпаролот на ЕуроМилионс изјави дека е првпат голема група да освои толку многу пари, при што се проценува дека секој поединец добива речиси 900 000 евра без данок.

Селото Олмен има вкупно 3 785 жители, според последните податоци од 2020 година, а  победниците се од различни сфери и возрасти.

ЕуроМилионс е игра на среќа на националната лотарија која се организира во соработка со лотарии од Шпанија, Португалија, Ирска, Австрија, Швајцарија и Луксембург.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *