Сутерен.мк

Се можело и без Фејсбук!

Ако некој ви каже дека ќе ви плати 1.800 долари доколку издржите шест години без социјални мрежи, дали би успеале во тоа? Тинејџерот Сиверт Клефсаас успеал во овој предизвик!

Во 2016 година, Лорна Голдстранд Клефсаас го предизвикала својот 12-годишен син Сиверт да се држи подалеку од социјалните мрежи до својата 18-та година. Таа му ветила дека доколку го заврши предизвикот, ќе го „почести“ на неговиот осумнаесетти роденден.
На 19 февруари 2022 година, Сиверт си ја побарал својата награда. Лорна била инспирирана од предизвикот што го слушнала на радио наречен „16 за 16“, каде што мајка ѝ ветила на својата својата ќерка дека ќе ѝ даде 1.600 долари кога ќе наполни 16 години доколку издржи да не користи социјални мрежи.

Сиверт вели дека не било премногу тешко да се живее без социјални мрежи и дека не размислувал многу за тоа во текот на шесте години. Кога имал 12 години, Сиверт рекол дека и онака не ги користи многу социјалните мрежи. Единствената апликација што ја имал пред облогот со неговата мајка била „Снепчет“ која набргу ја избришал.
„Не би рекол дека некогаш имаше момент кога сакав да се откажам“, вели тој. „Како што поминуваше времето, повеќе се работеше за гордост.

Неговите пријатели му давале информации за најновите случувања или трендови.

„Морав да ја избегнам целата непотребна драма на социјалните мрежи“, додаде Сиверт.

Лорна вели дека никогаш не морала да проверува дали тој го исполнува своето ветување.

„Тој толку сака да се натпреварува, што дефинитивно беше повеќе за докажување дека може“, рече таа.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *