Сутерен.мк

Се продава најголемиот син дијамант

Познат како „Блу Ројал“, овој живописен син дијамант, е еден од најретките откриени досега.
Најголемиот син дијамант некогаш ставен на аукција би можел да достигне цена од 50 милиони долари на продажбата на ретки скапоцени камења во Женева на 7 ноември.

Со 17,6 карати, тој е најголем од ваков вид“, вели Рахул Кадакија, меѓународен шеф за накит на Кристи. Во 2016 година, аукциската куќа Кристи продала редок син дијамант од 14,6 карати познат како „Опенхајмер Блу“ за повеќе од 57 милиони долари. Се надеваме дека овој ќе го победи Опенхајмер“, изјавил Кадакија.

На посебна онлајн аукција која ќе трае од 3 до 16 ноември, Кристи ќе понуди бисерен ѓердан што го носела филмската и модната икона Одри Хепберн во последната сцена на филмот „Празник во Рим“ од 1953 година.
На аукција ќе се најде и рачниот часовник „Ролекс“ што го носел Марлон Брандо во филмот „Апокалипса сега“ од 1979 година, на чиј заден дел актерот го изгравирал својот потпис, за да не дојде со случајна замена за време на снимањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *