Сутерен.мк

Скапи проститутки за светските лидери во Давос

Глобалната елита која се справува со најголемите проблеми во светот – вклучително и родовата нееднаквост – на самитот во Давос го поттикнува порастот на проституцијата во швајцарскиот туристички град.

Придружничките се резервираат во истите хотели во кои што отседнуваат и угледните гости кои учествуваат на петдневниот самит, кој почна на 16 јануари.
Побарувачката за сексуална работа вртоглаво расте секоја година на состанокот на светските лидери и деловните тајкуни.

Цената е фиксна: проститутките на Самитот наплаќаат 700 евра за еден час и 2500 за цела ноќ

Меѓу темите за кои се дискутира на годинашниот самит се војната во Украина, глобалната инфлација, климатските промени и нееднаквоста.
Оваа година учествуваат речиси 600 извршни директори и 50 шефови на влади.

Најмалку сто проститутки присуствуваат таму за време на Самитот, а се облекуваат во деловна гардероба за да не се “двојат” од останатите гости.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *