Сутерен.мк

Скопјани ги труе воздухот веќе две недели

Во последниве две недели во Скопје тешко се дише. Мерните станици мерат висока концентрација на ПМ10 честички во воздухот. Ништо подобро не е и во другите градови на државата.

Надлежните се уште без конкретни мерки за да се справат со загаденоста во државата.
-Властите како по обичај немаат ништо преземено за да се намали загадувањето на воздухот во Македонија. Целокупната одговорност и сите институции кои треба да реагираат се во нивни раце. Потребни се мерки веднаш. Стоп за популизмот, и лажните ветувања. Во прашање е здравјето на илјадници граѓани. Наместо евтин популизам и декларативни заложби потребно е итно дејствување, гневно реагираат граѓаните.

Загадувањето на воздухот, како што објаснуваат експертите, може да предизвика здравствени проблеми кај целото население, особено кај чувствителните групи (стари лица, деца, лица со срцеви и белодробни заболувања), а се препорачува овие лица да избегнуваат напорни активности надвор (активности кои се придружени со брзо и длабоко дишење) како и пренасочување на активностите во затворен простор додека не се подобри квалитетот на воздухот.

Од друга страна, за општата популација се препорачува намалување на интензитетот на напорните активности во надворешната средина и почести паузи додека воздухот е загаден.

Ако мислевте дека хируршките маски можат да ви помогнат, тоа не е точно. Тие помагаат да се намали иритацијата на дишните патишта, но преку таквите маски продираат и ПМ 10 честичките.

Одредени студии укажуваат на заштитните ефекти на одредени видови храна. Се препорачува да се јаде храна богата со Б-витамини, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини во загадените области, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *