Сутерен.мк

Следните штанцани деца на Роналдо се…?

Еден од најпознатите светски фудбалери, Кристијано Роналдо е татко на четири деца: близначките Ева Марија и Матеа, ќерката Алана Мартина и синот Кристијано Џуниор, а во октомври годинава со своите фанови ја сподели веста дека чекаат уште едни близнаци!


„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов и едвај чекаме да ве запознаеме. Се чувствуваме благословени“, напиша Роналдо покрај фотографијата на која позира со Георгина и ја држи фотографијата од ултразвукот во раце.

Тој на Инстаграм објави видео во кое во нивниот дом неговите четири деца пукаат два големи црни балони од кои се расфрлаа сини и розови конфети, со штои го откри полот на неродените деца – девојче и момче.

„Онаму каде што започнува живот, љубовта никогаш не завршува“, напиша Роналдо покрај видеото, додавајќи дека се чувствува „благословен“. Видеото за помалку од 24 часа е прегледано дваесет милиони пати и е над пет милиони „лајкнато“.
Роналдо и Георгина никогаш не криеле дека сакаат да имаат многу деца и големо семејство, па фудбалерот на Манчестер Јунајтед во 2017 година изјави дека сака седум деца, а Георгина лани рече нешто слично: „желбата за мајчинство ми е посилна од било когапретходно и сакам да имам повеќе деца“.

Роналдо три деца има добиено оплодени во лабораторија – јајце клетки земени од едни жени, а бременоста изнесена од сосема други жени и во „строга режија“ на неговата мајка. („Планот“ наводно е да се создадат што е можно поверни копии на самиот Роналдо?!) Четвртото дете му е со Аргентинката Георгина.

Всушност, многу се шпекулира дека сегашната врска и втората бременост со манекенката се само маска за да стивнат озборувањата за неговата хомосексуалност.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *