Сутерен.мк

Студентите не препознаваат сексуално вознемирување

Во Студентскиот информативен центар на УКЛО во Битола промоврана е монографијата „Сексуално вознемирување на универзитетите во Република Северна Македонија“ од професорите од Правниот факултет од Битола: д-р Ице Илијевски, д-р Ивона Шушак Лозановска и д-р Ангелина Станојоска

Станува збор за истражување во кое се сумирани резултати од девет универзитети од Република Северна Македонија, спроведено на 330 студенти – испитаници, во период од година половина.

Вон. проф. д-р Ице Илијевски во разработката на поимот и појавните облици на сексуално вознемирување посочува дека сексуалното вознемирување е сложен општествен проблем и претставува една од формите на родово засновано насилство. Тој смета дека студентите не го препознаваат доволно и го поистоветуваат со други форми на сексуална деликвенција.

Според доц. д-р Ивона Шушак Лозановска која во Монографијата учествува во делот на правното уредување, неопходно е универзитетите активно да се ангажираат и да пристапат кон изготвување и донесување посебни правилници за заштита од сексуално вознемирување со кои ќе се уредат комплетните постапки за заштита од овој тип негативно однесување во академски контекст.

Вон. проф. д-р Ангелина Станојоска во претставувањето на виктимизација и превенција од ова негативно однесување, истакнува дека 80 проценти од студентите кои посочиле дека имале ваквото искуство им се обратиле на блиски пријатели или родители, бидејќи студентите имат недоверба кон универзитетите, во отсуство на правна рамка за заштита кога се виктимизирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *