Сутерен.мк

Твитер ги блокираше Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и Вашингтон Пост

Платформата Твитер вчера блокираше профили на повеќе новинари, без притоа да бидат наведени причините за тоа. Дел од новинарите претходниот ден информирале за блокирањето на профилот на кој беа документирани сите летови на Илон Маск.

Новинарите чии профили се блокирани работат за медиуми како Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и Вашингтон Пост. Но, погодени се и фриленс-новинари.

„Ненадејната и неоправдана суспензија на новинарите, вклучително и Дони О’Саливен од Си-Ен-Ен, е загрижувачка, но не и изненадувачка“, соопшти Си-Ен-Ен. „Зголемената нестабилност на Твитер би требало да предизвика голема загриженост кај секој што ја користи платформата“, додава Си-Ен-Ен и бара објаснување од Твитер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *