Сутерен.мк

Тајната на добриот сон

Неврологот Крис Винтер вели дека одржувањето на спалната соба студена прави голема разлика.

Тој препорачува температурата во спалната соба да биде помеѓу 15 и 20 Целзиусови степени. За споредба, просечната температура во домот обично е помеѓу 21 и 27 Целзиусови степени.

„Можеби сте забележале дека, кога ќе се разбудите, стапалата ви се надвор од прекривката. Вашето тело со тоа се обидува природно да ја регулира температурата“, вели д-р Винтер.

Одржувањето на спалната соба студена помага во намалување на телесната температура, што ви овозможува полесно да „потонете“ во сон.
„Во текот на РЕМ фазата, телото престанува да го контролира потењето и треперењето. Претерано топлата просторија доведува до пократка РЕМ фаза, што може да доведе до потешкотии во станувањето наутро“, објаснил докторот.

Затоа, пред спиењето добро разладете ја вашата спална соба. Постојат и душеци кои разладуваат, како и перници кои ќе ви помогнат полесно да заспиете.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *