Една од најинтелигентните и најбрзите социјални мрежи денеска го прослави својот 15 – ти роденден!
На 21 март во 2006 година, директорот на Твитер Џек Дорси, го напиша првиот твит: „Отворив профил на Твитер“!
Твитер денес има над 190 милиони корисници, а особено е популарен кај политичарите (не нашите, тие се се уште заглавени на Фејсбук), професионалците од различни области и новинарите.
Твитер е клучен играч на социјалните мрежи, но поприлично е и контроверзен! Честопати нивната „грижа за корисници“ не успева да балансира помеѓу неутралноста, одбраната на слободата на говорот и умереноста! Сепак, многу подобра е нивната од „грижата…“ на Фејсбук, на пример!
Првата порака на Дорси на почетокот на март беше понудена на продажба преку сајтот „Valuables“. Купувањето на пораката значи стекнување на дигитален сертификат за твитот, единствен по тоа што авторот го „потпишал и верификувал“ односно, тоа е исто како продажба на автограм. Инаку за пораката денеска последната понуда беше дваипол милиони долари!