Сутерен.мк

Глупави, корисни нешта

Интернет е преполн со глупости, особено на страниците како Виш, И-беј, Амазон… Таму има такви бесмислени работи, што не можете ни да ги замислите, а не пак, да ви текне дека и ви требаат.

Катанец за сладолед

Чукнато и бескорисно е првата работа што би ви дошла на ум кога ќе го видите ова чудо! Станува збор за брава што одговара на конкретен бренд на сладолед – Бен & Џери, но доколку најдете некој друг сад што одговара на величината на пакувањата на овој производ, можете да ја користите и на него. Како и да е, со катинаров, нема веќе изненадувачки ситуации од типот : „Кој ми го изеде сладоледот купен со крваво заработените пари?“

Чешел за трепки

На девојките им требаат катаљарда работи за дотерување, а богами, и оваа е една од нив. Кога бирате, бирајте метални, не пластични!

Светлечки ракавици

На прв поглед изгледа како да не ти треба, амна, ако се подзамислиш… Сеедно дали возиш велосипед ноќе, сакаш кампувања, се маткате со друтвото по паркови или на другоместо каде што нема баш, некое осветлување, овие ракавици би моќеле да бидат од корист. Можеби не се најлични, ама се тотално кул!

Лампа под креветот

Овие лед лампи се палат автоматски на секое твое движење вон креветот! Било да ти се оди во тоалет, пие вода, го бараш паднатиот телефон… Автоматски се вклучуваат, автоматски се и исклучуваат – за второво, од тебе зависи на колку ќе го наместиш тајмерот…

Спреј што функционира

Луѓе сме, па може да имаме потреба од итно одење во тоалетот по голема нужда и за да не те фаќа срам потоа, доволно е со спејов да се испрска ве – це школката – ама пред „тоа“ – и нема да има никаков непријатен мирис, по – тоа.

Влечки – чистачки

Ова се такви шлапатарки, што за да ја собереш прашината од собата, треба само да ги навлажниш и да прошеташ низ неа! Таму, до каде што тебе ти е важно.

Држач за очајни

 

Ако имаш мало биро, било што мало, ова е шанса се да ти изгледа поголемо! Особено, ако гледаш ТВ и пиеш некој алкохол, па заспиеш – нема шанси да се разбудиш „покиснат“, бидејќи чашата не си ја вратил на „местото“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *