Сутерен.мк

Тијара продадена за 1,4 милиони евра

Тијара на кралската династија Савој продадена е на аукција во Женева за речиси 1, 4 милиони евра, соопшти аукциската куќа Сотеби.

Оваа тијара за прв пат се појавува на пазарот, а стара е над 150 години и во неа има вградено 11 природни бисери и дијаманти.

Династијата Савој владеела со Италија од 1861 до 1946 година, а ова парче накит до сега беше дел од италијанско – шпанската кралска колекција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *