Мажите сакаат секс почесто од жените?
И жените сакаат секс, но многу обврски ги спречуваат често да ја изразат својата желба. Покрај работата, жените имаат и многу домашни обврски, па може да се изморени. Покрај тоа, жените често се под влијание на хормони кои предизвикуваат различни емоции. Поради сето ова, жените нема да ги молат мажите за секс како што мажите знаат да прават кога сакаат секс. Секако, тоа не значи дека немаат секс, едноставно не прават проблем од тоа.
Среќните парови постојано уживаат во добар секс?
Паровите кои се во долги врски често запаѓаат во рутина. Ова е нормална појава, па добро е одвреме-навреме да се зачинуваат работите. Како? Најдобро е да го оставите решението на вашата фантазија. Важно е да не правите проблем од тоа затоа што рутината влијае на секој што дели заеднички живот.
Најдобриот секс е спонтан?
Во спонтаниот секс има многу возбуда, но планираниот секс го носи и врвното искуство. Како? Клучот е планирањето. Кога планирате секс, постојано размислувате за тоа, што секако придонесува за создавање сексуална атмосфера. Планираниот секс станува нешто на што се радувате. Колку повеќе го одложувате, толку е поголемо задоволството.