Сутерен.мк

Трогателни глетки од Турција

Во јужниот турски град Адијаман е спасено малото девојче Мирај. Таа била пронајдена жива во урнатините на зградата и 178 часа по земјотресот. Си-Ен-Ен Турк објави дека девојчето има шест години и дека спасувачите се блиску да ја извлечат од урнатините и нејзината постара сестра.


Можеби најтрогателните фотографии доаѓаат од Хатај, провинцијата каде што спасувачите извлекоа жива жена од урнатините на станбена зграда. Нејзиното име е Серап Донмез, а особено впечатливи се фотографиите на кои нејзиниот син го слави соасувањето на мајка си.
Уште една жена, 70-годишната Нурај Гурбуз, денеска е пронајдена жива во Хатај, 178 часа по земјотресот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *