Сутерен.мк

Учебната година ќе трае до 17 јуни

Од 2024-та последниот училишен ден ќе биде на 17 јуни.
Таква одлука донесе денеска Владата по предлогот на Министерството за образование. За возврат на продолжените седум дена, учениците ќе имаат пролетен распуст – тој ќе трае од 29 април до 5 мај.

Според одлуката, почетокот на учебната година останува први септември, првото полугодие треба да заврши на 29 декември 2023 година, а од 30 декември 2023 година учениците ќе користат зимски одмор. Почетокот на второто полугодие е предвиден за 22 јануари 2024 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *